(ФОТО) По 3 години зачекори на црвениот килим: Бијонсe блесна со ќерка си

Добивај вести на Viber

Во Лос Анџелес се одржа премиерата на филмот Кралот лав, кој наскоро ќе можете да го погледнете и во нашите кина. Главна ѕвезда на вечерта беше Бијонсе која својот глас во филмот го позајми за лавицата Нали. Ова е нејзино прво појавување на црвениот килим по цели 3 години.

Заблеска во необична креација, која ја потпишува модната куќа Александр МекКвин. Своите раскошни локни, ги скроти во плетенка и направи фризура во стилот на 90-тите.

Пејачката на премиерата беше во придружба на постарата ќерка Блу Ајви, за кои многумина искоментираа дека е копија на мајка си, бидејќи се појавија во многу слични креации.