(ФОТО) ПО ПРИМЕРОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА: Кејт Мидлтон во модна комбинација како покојната свекрва
Само неколку часа по породувањето , британската миленичка Кејт Мидлтон се потруди да изгледа беспрекорно елегантно при заминувањето од лондонската болница Сент Мери.
Како и секој пат досега Кејт со новата принова во англиското кралско семејство ја напуштила болницата во фустан со потпис на омилената британска дизајнерка Џени Пакман, а неа ја комбинирала со чевли на Gianvita Rossija .
Изборот на Војвотката на црвен фустан - туника со чипка околу врат модните експерти го протоклуваа како суптилна посвета на покојната свекрва, принцезата Дијана која слична модна комбинација избрала при заминување од болницата кога во 1984 година го родила принцот Хари.
Дијана тогаш носела долг црвен капут од дизајнерот Jana van Velden со бела блуза и темноцрвен детаљ околу врат.
Љубителите на англиското семејство очекуваа Кејт да се појави во фустан на омилената британска дизајнерка во чии фустани можеше да се забележи по раѓањето на принцот Џорџ во 2013 и принцезата Шарлот во 2015 та.