Животна училница // Приказни
(ФОТО) По природен пат е родено најголемото бебе во Македонија: Тежи 5700 г.
- 11 Март, 2019
На ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје, во месец февруари се родило најголемото бебе во државата.
- Еден мал куриозитет ...во месец февруари на ГАК со спонтано породување се роди најголемото бебе родено во државата ...машко бебе 5700 г. тешко и 55 см долго- објавија од ГАК на својата Фејсбук фан страница.
Бидејќи просечната тежина на бебињата при породување е меѓу 3.000 и 4.000 грама, еден од коментарите под објавата е прашање кое гласи „дали е нормално по природен пат да се донесе толкаво бебе“. Од ГАК, со задоволство објавија дека нема причина да не се роди спонтано доколку карличните мерки одговараат со оние на бебето.