(ФОТО) Почина 18-годишната сестра на пејачот од „Уан дајрекшн“

Сестрата на пејачот од славната група „Уан дајрекшн“, Луис Томлинсон, почина на 18-годишна возраст. Фелисити е пронајдена мртва во нејзиниот стан во западен Лондон, а причината за смртта најверојатно е срцев удар, јавуваат британските медиуми.

Станува збор за инфлуенсерка која имала желба да стане модна дизајнерка со 1,4 милиони следбеници на „Инстаграм“.

По трагичниот настан, Томлинсон, кој по распаѓањето на „Уан дајрекшн“ гради успешна соло-кариера, ги откажал сите настапи. Ова е втор немил настан во неговото семејство во релативно краток период, откако во 2016 година почина неговата мајка од леукемија.