(ФОТО) Преслатка фотосесија: Дарен и Хана се копија на Тамара

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска објави преслатки фотографии од својот син Дарен. Дарен е второ дете на поп-ѕвездата со поранешниот кошаркар Александар Димитровски кои ја имаат и ќерката Хана.

Дарен се роди на 12 декември. „Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неописива љубов. Пресреќни сме и многу благодарни на целиот тим на „Аџибадем Систина“ и на нашата докторка Гордана Петровска. Ви испраќаме безброј бакнежи“, ни изјави Тамара веднаш по породувањето.

Очигледно и сестричката Хана веќе супер се согласува со своето братче, а заедно изгледаат преслатко и очигледно е дека и двајцата наликуваат на својата мајка.

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија, кој ќе се одржува од 14 до 18 мај во Тел Авив, Израел. За Женски магазин, пејачката изјави дека многу му се радува на овој музички предизвик.