(ФОТО) Претапацирана во кожени панталони: Кортни Кардашијан е тотална модна утка

Добивај вести на Viber

Стилската комбинација на Кортни Кардашијан го подели мислењето на јавноста...

Скоро секое парче облека што го носат Кардашијан веднаш станува хит, но она што го облече најмалку популарениот член на ова популарно семејство, веројатно нема да им се допадне на многумина.

Краткиот топ, кој се врати во светот на модата по скоро две децении, Кортни го искомбинирала со кожени пантолони во чоколадна боја. И покрај тоа што ретко може да згрешите со кожени панталони, а девојките особено ги сакаат, моделот на пантолони кој Кортни го одбрала, тешко дека ќе се види на нашите улици.

Високиот струк, кој вообичаено знае да ги потенцира женските облини, овој пат не ја истакна фигурата на ѕвездата, туку ја направи да изгледа подебела отколку што навистина е. Сепак, детаљите кои беа пресудни за Кортни да ги добие „црвените картони“ од модните експерти се апликациите на панталоните од половината на бутовите и во пределот на коленото.

Како што повеќето се согласија, испреплетените широки ленти од кожа потсетуваат на дизајнот што може да се види на столчињата на плажа или на некој мебел. Покрај тоа, преклопот на материјалот, кој воопшто не е тенок, ги направи нозете на Кардашијан да изгледаат уште поголеми.

Сепак, таа има нејзини обожаватели кои сметаат дека оваа стилска комбинација е исклучително секси, но судејќи според модата што ја гледаме на нашите улици, овие или слични вакви панталони веројатно никогаш нема да сретнеме.