(ФОТО) Разлика од две децении, а изгледаат како сестри: Анџелина Џоли и Мишел Фајфер воодушевија

Добивај вести на Viber

 Анџелина Џоли и Мишел Фајфер прошетаа по црвениот тепих на премиерата по повод продолжението на филмот „Господарка на злото“.

Анџелина реши да ги изненади сите и наместо црните комбинации на кои навикнавме, заблеска во интересна креација со црни тесни панталони и плисиран асиметричен горен дел во виолетова боја. Со својот стајлинг ги воодушеви публиката и модните критичари.

Освен неа, големо внимание привлече и Мишел Фајфер, која глуми заедно со Анџелина во филмот. На нејзина сметка пристигна безброј позитивни коментари, со оглед на тоа дека иако неодамна наполни 61 година, воошто не се познава дека е цели 17 години постара од Џоли.