(ФОТО) Речиси гола и без фотошоп: Серена Вилијамс не сака лажна убавина

Серена Вилијамс е на насловната страна на августовскиот број на магазинот Harper`s Bazzar. Славната тенисерка одлучи да покаже како навистина изгледа една моќна жена без употреба на фотошоп. Како што и самата вели, на необработените фотографии сакала да доминира природната убавина.

Вилијамс која во кариерата има освоено 23 Гренд Слем титули, на необработената насловна фотографија позира во златен фустан на Стела Мекартни со накит на Тифани. На останатите фотографии позира во креација на Ралф Лорен.