(ФОТО) Роденденско изненадување за Билбилов во Тел Авив

Добивај вести на Viber

Композиторот и продуцент Роберт Билбилов денеска полни 36 години. Билбилов овој роденден го слави поинаку од другите.

Тој заедно со евровизиската екипа на Тамара Тодевска е во Тел Авив, а соработниците и пријателите му подготвија изненадување и роденденска торта. 

Со шампањско, македонската евровизиска делегација наздрави за роденденот на еден од авторите на песната „Proud“, со која Тамара ќе не претставува во Тел Авив на „Евросонг“ на 16 мај. Фотографијата ја објави Коста Петров, кој заедно со неговата сопруга Сања го напиша текстот, а освен Билбилов, автори се Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Тамара и придружните вокали: Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев добија пофалби по првата проба завчера, а Тамара го покажа фустанот кој ќе го облече на настапот на втората полуфинална вечер, од дизајнерот Александар Ношпал.