Животна училница // Приказни
(ФОТО) Сакаме и трето дете: Тамара со семејството замина дома
- 17 Декември, 2018
Пејачката Тамара Тодевска на 12 декември со нејзиниот сопруг Александар го доби второто дете, синот Дарен.
Денеска таа излезе од „Аџибадем Систина“ презадоволна од целиот третман и д-р Гордана Петровска, на која безрезервно ѝ верува, како што пренесува cibademsistinababy.mk.
- Здравје и за третото дете ќе ја бараме истата докторка. Ѝ благодарам за целата посветеност и грижа. Овде се чувствував како кралица и едвај чекам пак да дојдам- изјави Тамара.
Хана е пресреќна со братчето Дарен, и многу благодарна на Дедо Мраз бидејќи подранил со новогодишниот подарок и ја израдувал со бебе.