(ФОТО) Се фрла храна со поминат рок, купена во залихи како резултат на пандемијата
Ако сте купиле повеќе храна отколку што ви треба, тогаш треба добро да се запрашате.
Канти за отпадоци се прелеваат со отфрлена, неискористена храна поради паничното купување при прогласената пандемија на коронавирус.
Паничните купувачи почнаа да ја отфрлаат свежата храна што ја купуваа во текот на првите денови од пандемијата. Во објавата на Твитер, Аџит Сингх Атвал ги споделува фотографиите на кои се прикажани контењери, преплавени со храна. Леб, неотворените пакувања со месо, и овошјето и зеленчукот се безгрижно фрлени откако им истекол рокот по паничното купување поради коронавирусот.
Сликите се направени во Дерби, Велика Британија, но го засегаат целиот свет, особено оние кои неконтролирано купуваат залихи, не размислувајќи дека има луѓе кои немаат што да јадат.
to all the people in this great city of ours in Derby, if you have gone out & panic bought like a lot of you have & stacked up your houses with unnecessary items you don’t normally buy or you have bought in more food than you need, then you need to take a good look @ yourself pic.twitter.com/fpYdGBu6M4
— Ajit Singh Atwal (@AtwalAjit) March 27, 2020