(ФОТО) Се вративме на местото на свршувачката: Коментаторот Стеван кој навиваше за „Вардар“ на одмор во Охрид со сопругата

Стеван Стевановиќ , еден од двајцата коментатори од ТВ „Арена спорт“, кој страстно навиваше за РК „Вардар“ во Лигата на шампиони е на одмор во Охрид.

Стеван ја побарал Вања за жена на Свети Наум 

На својот Фејсбук профил, Стеван редовно објавува фотографии од плажите и од прошетките низ Охрид со својата сопруга Вања, која е бремена. Токму на Свети Наум, Стеван откри дека ја побарал Вања за жена.

Ужива на плажата „Оревче“.- Стеван на Градиште

„Се вративме на местото на свршувачката, но сега сме уште посилни“, напиша Стеван под фотографијата со сопругата.

Тој сподели и моменти на посетата на познатата охридска фирма за бисери, возењето со брод, прошетката низ знаменитостите на Охрид со туристички водич, ручек со пријатели во Струга кај кои бил сместен пред 25 години. Стеван, воодушевен од плажата „Оревче“ на Градиште ја изрекламира нивната летна програма.  

„Последен ден на плажа“ напиша Стеван под најновата фотографијата која ја објави од Охрид.