(ФОТО) Седум години хармонија: Александар Белов и сопругата прославија годишнина
Иако во претходно интервју за Женски магазин изјави дека ќе се жени на 33 години, пејачот Александар Белов тоа го направи една година порано. Белов во Крагуевац, каде што неколку години живее со својата сегашна сопруга Јелена, направи свадба на која имаше многу гости од Македонија и од Србија.
Во септември минатата година, пејачот ја изненади саканата, откако ја побара за жена на како што вели едно од неговите омилени места, манастирот Свети Наум во Охрид. „ Решив да ја побарам Јелена токму на ова место, едно од моите и нејзините омилени. Многу се изненади, не очекуваше да биде токму на Свети Наум“, ни изјави Белов.
Сега тие слават година во брак, а пејачот напиша емотивна порака до сопругата по тој повод.
„Фала ти за 365 дена неизмерна среќа и љубов... Среќна годишнина. Го правиш мојот живот комплетен. Те сакам.“
Претходно тој објави фотографија од нивните почетоци, односно пред седум години на летен одмор.
Во претходно интервју, тој за Женски магазин ја раскажа љубовната приказна. Инаку на почетокот на пандемијата тој откри дека не бил дома од лани и дека му фалат најблиските.