(ФОТО) Сека Алексиќ со кратка фризура која е тотален хит оваа есен: Изгледајте како вистинска Французинка
Години наназад, долгата кафеава коса е заштитен знак на фолкерката Сека Алексиќ, но есента е време за промена. Некои велат - драстична.
Имено, пејачката сподели фотографија од новата фризура на социјалните мрежи - подолг боб ( по примерот на Фанцузинките), кој е неверојатно популарен во светот, но остана верна на бојата на чоколадото.
Фотографијата доби многу позитивни коментари, бидејќи чудно е што пејачката веќе нема долги и бујни кадрици, како што сме навикнале да ја гледаме.
Сепак, многумина коментираат дека Сека никогаш не изгледала подобро, бидејќи покрај новата фризура, и доста ослабела, а нејзиниот стил е без грешка.
Засега во ова издание ја гледаат само нејзиниот сопруг Вељко и синовите Јаков и Јован, бидејќи фолкерката сè уште е во изолација, во нејзината вила во Стара Пазова.