(ФОТО) Секоја жена треба да ги знае: Стилски трикови со кои ќе изгледате 5 килограми послаби

Добивај вести на Viber

Благодарение на овие трикови, ќе изгледате беспрекорно во секоја прилика.

Губењето тежина може да потрае, а понекогаш резултатот веднаш ни треба.
Ако се уште не сте ја довеле линијата до совршенство, искористете ги овие стилски трикови кои даваат докажани резултати.

Гардеробата, ако е правилно избрана, може да биде нашиот најдобар сојузник. Може да го истакне најдоброто на нашето тело и да ги сокрие сите недостатоци.

Ако сакате вашата фигура да изгледа беспрекорно, следете ги овие правила:

1. Црна боја

фото:profimedia

Добро е познато дека потемните бои, а пред се' црната, имаат моќ визуелно да ја направат фигурата потенка. Секогаш бирајте потемни фармерки бидејќи на тој начин вашите нозе ќе изгледаат потенки и подолги, особено ако ги носите во комбинација со високи потпетици.

2. Монохроматски стил

фото:profimedia

Исто како и црната боја и монохроматскиот стил дава докажани резултати. Облечете една боја од глава до пети и ќе изгледате многу потенки.

3. Избегнувајте наборни и плисирани панталони

Наборите ве прават подебели, затоа носете панталони кои се исправени напред, бидејќи ќе го сокријат стомакот и ќе ги направат нозете подолги. Ова ќе направи да изгледате повисоки и попропорционални.

4. Панталони со висок струк

фото:profimedia

Овој крој на панталони е идеален за да се скрие вишокот на стомакот, а истовремено ќе направи нозете да изгледаат витки.

5. Вертикални линии

Сè е во добриот избор на принтови, а вертикалните линии се совршено решение ако сакате да сокриете килограми.

6. Носете подлабоко деколте околу вратот

фото:profimedia

За да го издолжите горниот дел од телото, облечете блузи и џемпери со V врат. Тие ќе ви помогнат да изгледате послаби, а во исто време ќе го свртат вниманието од деловите на телото што сакате да ги сокриете.

7. Струкирани фустани кои ја истакнуваат половината

фото:Shutterstock

Фустаните „исечени“ на половината се идеални за сите девојки со облини, особено за девојки кои имаат поизразени колкови. Ови фустани ги покриваат сите ваши несовршености на вистински начин, а истовремено ги истакнуваат и вашите атрибути.

8. Штикли

Изборот на чевли може да направи и драстична разлика во изгледот. Дури и пониска потпетица ќе биде доволна за фигурата да изгледа поскладно.

извор:stil.kurir.rs