Животна училница // Приказни
(ФОТО) Семејно на планина: Радмила Шеќеринска го покажа татко си
- 12 Септември, 2020
Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска своето слободно време се обидува да го поминува во природа, а така беше и овој викенд.
Имено, таа на својот Фејсбук профил сподели интересна фотографија, која навистина ја заинтригира јавноста, бидејќи е фотографирана со нејзиниот татко.
„Татко, ќерка, планина, стадо... а овчарското куче?“ - напиша министерската покрај фотографијата, а описот го збогати со неколку хаштази - #УтринскоПланинарење и #ШарпланинецНеЕШала.