Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Шекеринска одбра македонски дизајнер за Самитот во НАТО
Актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска деновиве заедно со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменикот на владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи е во Брисел на Самитот во НАТО.
Шекеринска за оваа пригода, типично во нејзин стил одбра креација која ја става елеганцијата во преден план. Станува збор за црно здолниште комбинирано со блуза во розова нијанса во пеплум стил, комплетиран со впечатлив црн ѓердан.
За овој настан, министерката одбра да носи париња од македонски дизајнер, односно од познатата креаторка Тања Кокев. Дама во секој поглед, Шекеринска наравила вистински избор за престојниот Самит.