(ФОТО) ШПАНСКАТА КРАЛИЦА ЛЕТИЦИЈА, МОДНА ИКОНА: Дезен кој сигурно ќе се носи оваа пролет!

Добивај вести на Viber

Шпанската кралица Летиција со секоја своја појава во јавноста повторно и повторно не воодушевува со модните избори кои секогаш се во чекор со најновите трендови. Такво беше и нејзиното последно издание за официјална вечера во кралската палата во Мадрид.


Фустаните со туфни оваа пролет се популарни од цветните, а убавата кралица носела интересен темноплав модел со бисери кои „глумат“ точки.


Бисерите исто така се еден од хит деталите на облеката уште од есента кога од накит преминаа на чизми, џемпери, фармерки и други модни парчиња, а во оваа улога уште не сме ги виделе.


Долгиот , прилепен крој на фустан совршено ја нагласил и витката фигура на Летиција, додека кралскиот изглед и го обезбеди тајрата и впечатливите дијамантски обетки.