(ФОТО) Што порачува Јанкулоска со изборот на облека

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изненади со изборот на облека за време на гостувањето во отвореното Студио 1 на „1 Тв“.

Фото: „1 ТВ“

Јанкулоска облече светло сина кошула во комбинација со црни пантолони и црни чевли со високи потпетиции со дискретен накит. Претходно таа за јавни настани и гостување на Тв секогаш облекуваше палта во потемни бои и понекогаш бели кошули. 

Во листата на вечни парчиња, секоја жена во својот плакар треба да има сина кошула, велат модните критичари. Таа може да се комбинира со сѐ, од здолниште до џинс и деловна комбинација. За сината боја, психолозите велат дека симболизира излекување, смиреност, разбирање, доверба, стабилност, мудрост, самодоверба, вера и вистина. 

Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко во јуни годинава станаа родители на Петар. Двојката се венчаше во 2010 година во еден скопски хотел. На свадбата, Јанкуловска облече венчанца од модниот дизајнер Ненад Секирарски, а гостите ги забавуваше пејачот Ламбе Алабаковски. Гости на свадбата беа дел од тогашните владини министри.