(ФОТО) Синди Крафорд е пример како на 50 да имате стајлинг како да имате 30

Добивај вести на Viber

Синди Крафорд нема тело какво што имала на 20 или на 30 години, иако поранешниот топ-модел многу внимава на својот изглед. Се разбира, се промени и нејзиниот стајлинг, но таа истовремено е и најдобриот пример како на 54 години да изгледате заводливо и моќно, благодарение на добриот моден избор.

Она што многу жени го прават погрешно на прагот на шестата деценија е што се фаќаат за позатворени кроеви или пак за такви кои не ја следат линијата на телото. Синди Крафор го пронајде вистинскиот баланс.

Таа никогаш не претерува со покажување кожа, ниту пак носи прекратки парчиња, туку се определува за проверена класика во која изгледа фит. Минимализмот е секогаш ИН, особено кога сте повозрасни.