(ФОТО) Сите три ќерки ми се од различна религија: Бреговиќ ќе слави роденден во Скопје

Сараевскиот музичар со светска слава, Горан Бреговиќ, во петок, на 22 март ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената. Некогашниот фронтмен на „Бијело Дугме“ во Скопје ќе го промовира албумот „Три писма из Сарајева“.

Бреговиќ со ќерките 

Фото: Блиц 

Со музичари од Македонската Филхармонија и со неговиот оркестар за свадби и погреби, Бреговиќ, освен песните од албумот кои се напишани за три виолини, ќе ги свири и неговите стари хитови. Интересно е што токму на 22 март му е роденден на Брега, тој во Скопје ќе го слави својот 69 роденден.

Бреговиќ за себе вели дека е секогаш сараевчанец во душа, и со радост му се враќа на својот град. Тој долги години, со сопругата Џенана и со трите ќерки живее во Париз.

Џенана, сопругата на Бреговиќ 

„Татко ми е Хрват, мајка ми е Србинка, сопругата ми е муслиманка, а моите три ќерки се французинки, тие се сите три од различна религија. Кога беа мали, за време на Бајрам беа муслимани и тогаш добиваа подароци. За време на Велигден и за Божиќ беа христијани и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната е будист. Тоа е нивен личен избор. А за сопругата и за мене е доцна. Ние секогаш ќе бидеме наши“, изјави Бреговиќ.