(ФОТО) Следам „Ѕвездите на Гранд“ и знам што ќе биде во „Игра на тронови“: Биба Додева ја глуми Катица Јанева
Биба Додева по втор пат ја глуми специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, овој пат во емисијата „Фчерашни новости“. Пред две години, пејачката и претседател на здружението „Борка“ се појави во специјална точка на „Златна Бубамара на популарноста“, пеејќи наменска песна за СЈО.
Биба глуми како е во канцеларијата на Јанева и на интересен начин одговара на новинарските прашања.
„Ние неговиот Фејсбук константно го следиме, ја следиме локацијата. Кога ќе се чекира најново, ја знаеме локацијата“, вели Биба. На прашањето, дали СЈО информациите последни ги дознаваат, таа вели:
„Не е точно. Мојот тим постојано следи пред малите екрани. „Звезде гранда“, „Валандово фолк-фест“ .Сакате да ви кажам ќе што се деси во Game of Thrones?“, одговара Биба. Погледнете го видеото: