(ФОТО) Со лисици однесен во суд: Славниот оскаровец се соочува со затворска казна

Еден од најпопуларните холивудски актери, Куба Гудинг Џуниор, со лисици на рацете е однесен пред истражен судија по сериозните обвинувања на две жени кои тврдат дека непримерно ги допирал, пренесуваат светските медиуми.

Две неименувани жени го обвинија 51-годишниот актер дека непримерно ги допирал во еден њујоршки клуб во текот на минатиот викенд. Славниот оскаровец со насмевка на лицето пристигнал во полицискиот оддел на разговор со детективите пред кои изјави дека е невин и дека безбедносните камери тоа и ќе го покажат. И покрај тоа, Гудинг Џуниор е уапсен и му се заканува затворска казна од максимум една година.

Првата жена која го обвини, во полицијата изјавила дека на забава во Magic Hour Rooftop актерот ја фатил за градите кога му донела чаша вода, бидејќи наводно бил премногу пијан самиот да се послужи. Другата жена го обвини дека ја фатил за задникот во клубот Butter. Двата инцидента се случиле во различно време, на различни локации.

- Верувам во системот и во целиот процес. Постои снимка која ќе покаже што навистина се случи. Бев во клубот, си заминав, сретнав многу луѓе, се фотографирав со нив. Апсолутно не се чувствувам виновен за било што - изјави Куба за ТМЗ пред да ѝ се предаде на полицијата.

Во моментов не е познато дали Куба Гудинг Џунор е во романтична врска. До 2014 година беше во брак со Сара Капфер со која има три деца. 

Фото: Ројтерс, Сан