(ФОТО) Со оваа манекенка принцот Хари ја изневерувал Меган

Војводата од Сасекс, принцот Хари (34), имал кратка романса со британската манекенка Сара Ен Меклин, во времето кога веќе ја имал запознаено својата сегашна сопруга Меган Маркл (37), пишува „Мирор“.

Оваа информација е потврдена во новата биографија за кралското семејство „Хари: Разговори со принцот“. Авторката Енџеле Левин тврди дека принцот Хари на почетокот од нивната врска ја изневерувал Меган токму со оваа манекенка.

- На почетокот од врската со Маркл, Хари се согласи на состанок со Сара. Се сретнаа на една приватна забава, ѝ го побара телефонскиот број и почна да ѝ испраќа бројни пораки. Така започна нивната кратка авантура. И тоа како беа заинтересирани еден за друг, но многу бргу сфатија дека се премногу различни - пишува Левин.

Сара влезе во модниот свет како заштитно лице на „Брбери“, а се појавила на насловните страни на „Вог“ и на „Харперс Базар“. Паралелно градеше успешна кариера како нутриционист. Во 2017 година магазинот „Рејк“ ја прогласи за жена на годината.