(ФОТО) Сопругот не можел да ја прегрне на свадбениот танц: Сега има 45 килограми помалку

Добивај вести на Viber

Денот на венчавката Кристина Гроув ќе го памети засекогаш. На првиот танц сопругот Џејсон не можел да ја прегрне, а некои од гостите ја гледале со потсмев. Дури подоцна, кога ги прегледала фотографиите од свадбата сфатила дека нема друг избор, освен да преземе драстични мерки да ги симне килограмите.

- Кога видов како изгледам на свадбениот танц со моите 120 килограми, ми се скрши срцето. Џејсон не можеше воопшто да ме прегрне - открива Кристина за британски „Мирор“.

Во текот на целата втора бременост имала висок притисок и константни болки во грбот и во нозете. По породувањето, болката не престанувала, па алармот бил вклучен.

Почнала да консумира домашна храна и ги исфрлила од менито сите производи кои содржат шеќер. Успеала да симне неверојатни 45 килограми.