(ФОТО) Совршен крој: Модел на фармерки кој ќе биде ин и годинава
Удобен, убав и модерен
модел
Откако пред неколку години беа вратени од плакарите на нашите мајки, тие не го напуштија списокот на задолжителни парчиња облека. Покрај неверојатната удобност, овој модел на фармерки има голема можност за комбинирање.
„Mom“ џинс станаа познати во текот на 80-тите и 90-тите години на минатиот век, а своето име го добиле затоа што најмногу ги носеле мајки.
Постои само едно правило во модниот свет кога станува збор за овој модел на фармерки. Заради високиот струк и пошироките ногавици, одберете потесен горен дел што ќе можете да го пикнете во фармерките.
Можете да ги носите со свилена кошула или едноставна маица со или без ракави, изборот останува на вас.
Кога станува збор за обувки, исто така имате бројни можности, тие одлично одат со патики, но и со високи потпетици.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Идеален крој на фустан според обликот на твоето тело: Песочен часовник, јаболко, круша или petite?