Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Совршен стајлинг од различни стилови: Џенифер Лопез во топ палто и култни чизми!
Каде и да се појави, привлекува големо внимание
Поп дивата Џенифер Лопез беше фотографирана при пристигнувањето во Њујорк откако го помина Божиќ во Мајами со нејзиниот вереник Алекс Родригез.
А, каде е латино дивата, таму има и папарацо-фотографи. Парот е фотографиран откако ја напуштија пробата за настапот на Џеј Ло што треба да го има на Тајмс Сквер во Њујорк за новогодишната ноќ.
Лопез за оваа пригода избра удобна облека. Таа комбинираше тенерката во сива боја со капут во кремова боја, со што стилски го крена стајлингот. Моделот на палто има крзно околу вратот.
За обувки, таа се одлучи за култни чизми кои секогаш се во тренд и идеални за студените денови.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Направете ја фризурата на Џеј Ло дома: Лесни инструкции од нејзиниот фризер