Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Совршена на 74: Хелен Мирен најдобро облечена на ревијата на Бекам
Актерката Хелен Мирен успеа комплетно да ги засени важните луѓе од модниот свет и познатите личности кои присуствуваа на прикажувањето на колекцијата пролет/лето 2020 на Викторија Бекам.
Во осмата деценија таа изгледа одлично. Тоа веднаш се забележува и по духот, и по стилот на облекување со кој континуирано инспирира млади генерации.
Славната оскаровка овојпат беше совршена на ревијата во рамките на Лондонската модна недела, во ефективна креација од плисирано здолниште и кошула со змиски дезен, секако потпишана од Викторија Бекам.