Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Стајлинг без грешка: Меланија Трамп ја покори Јапонија
Меланија и Доналд Трамп на својата турнеја во Јапнија , ја посетија базата на американските маринци во Јокосуки. За оваа пригода, првата дама избра елегантен и ефектен аутфит.
Меланија заблеска во бел фустан кој суптилно ѕиркаше под ефектниот модел на жолто-белиот мантил со цветен дезен. Ова парче го потпишува белгискиот дизајнер Дриес Ван Нотен.
Овој стајлинг, Меланија го заокружи во омилените салонки во неонска жолта боја и со потпис на славниот дизајнер Кристијан Лобутин.
Изминатите денови Меланија промени четири фустани и еден комбинезон, со кој ги воодушеви светските модни стилисти.