(ФОТО) Станав црнокоса и учев шпански: Јелена Јовaнова шик на премиера во Мадрид

Добивај вести на Viber

Во елегантно и шик издание, актерката Јелена Јованова-Периќ се појави на премиерата на шпанскиот филм „El Desentierrо“, на филмскиот фестивал во Севиља, Шпанија и на премиерата во Мадрид.

Во филмот, Јелена ја игра улогата на Вера, за чии потреби ни раскажа дека требала драстично да го смени имиџот. 

„ Ликот кој го играм се вика Вера, а Вера ја носи најбитната есенција. За потребите на филмот ја скратив косата, ставив зелени леќи и станав црнокоса. Снимавме минатата година, од средината на септември до средина на декември во Венеција, Суека и во Албуфера. Дебитантскиоет трилер на Начо Руиперез зборува за корумпираноста на политичката власт, но и за човековата душа. За вистината која е стивната и сокриена, но која успева гласно да го пушти својот глас и да се обзнани“, изјави Јованова за Женски магазин. 

Јелена на филмскиот фестивал во Севиља во креација на Тања Кокев 

„ Шпанскиот јазик беше и сѐ уште е голем предизвик. Се надевам дека неговата егзистенција во филмот е веродостојна“, додаде актерката.

„ Слушајќи ја публиката како дише со ликовите и гледајќи ја како влегува во приказната беше вистински благослов“, напиша Јованова на својот Фејсбук профил. 

Јелена на премиерата на филмот во Мадрид 

Од средината на ноември на МТВ 1, Јелена ќе ја гледаме како Јелена рецепционерката во третата сезона на серијата „Преспав“. Во меѓувреме, на првиот канал на Македонската телевизија се репризира втората сезона.

М.Џаровска