(ФОТО) СТИЛ НА ДЕНОТ: Кралицата Раниа во феноменална сукња
Од ден во ден јорданската кралица совршено ја извршува својата должност и на најдобар начин ја репрезентатира својата земја. Така беше и вчера кога заедно со сопругот, го угостиле во палатата во Аман, австрискиот претседател-секако со стил без грешка.
Убавата Ранија, и овој пат не се откажа од своите основни стилски одлики - да ги спои женствените old school парчиња, но така целокупната комбинација да изгледа модерно и многу инспиративно.
Едноставната бела кошула, кралицата ја вовлекла во сукња со висок струк која ја потпишува Sara Battaglia, и која ја краси ситен, речиси незабележителен каро дезен.
Специфичноста на креацијата се огледува во ременот кој на предниот дел завршува полукружно со копчиња и машничка. Кројот кој слободно паѓа е со миди должина а целиот стил потсетува на нешто што би го носеле иконите како Греј Кели и Одри Хепбурн.
Ранија се одлучила за розе салонки и микро бела чанта.