(ФОТО) Тамара е активна трудница

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска, која треба да породи на крајот од годинава е активна трудница. Тамара го искористи убавото време за дружба со својот близок пријател, познатиот диџеј Зоки Бејбе.

На својот инстаграм профил, пејачката објави фотографија на која се гледа дека има уште малку до породувањето. Тамара веќе објави дека очеекува машко, а на нејзина желба и желба на сопругот Александар Димитровски- Мачка, бебето ќе се вика Дарен.

„ Раѓањето на Хана ме промени комплетно. Ми донесе една сосема нова енергија и во домот и во секојдневието. Среќна сум и исполнета а таква е и песната. Многу ми е драга затоа што ја отсликува позитивата која што ја живеам последниве години а најавува и нова“, изјави Тамара за новиот хит „Довидување таго“, песна од авторите Игор Џамбазов и Роберт Билбилов, која е посветена на двегодишната ќерка и на сопругот.