(ФОТО) Тамара на диета пред Евровизија

Добивај вести на Viber

Со балансирана исхрана и со редовно вежбање, Тамара Тодевска се подготвува за настапот на Изборот за песна на Евровизија во Тел Авив. Тамара со песната со работен наслов „Proud“, ќе настапи на втората полифинална вечер, на 16 мај.

Тамара од своето мени сосема ги исфрли штетните намирници. Таа со своите фанови и пријатели на Инстаграм сподели фотографија од здравиот појадок. Секој слободен час, пејачката го поминува во теретана.

„ Се надевам дека ќе го задржам имиџот кој го изградив на домашните фестивали, секогаш втора. Ако од „Макфест“ и од „Скопскиот фестивал“ сум си одела со освоени втори места, со песни кои станале големи хитови, сигурно дека од мене се очекува и на „Евровизија“ да бидам втора, хахаха. Но, кој знае, можеби ќе ја изненадам публиката и ќе победам. Овој пат, место втора, можеби ќе бидам прва“ , изјави Тамара за „Женски Магазин“  кога МРТ соопшти дека токму таа ќе не претставува на годинашниот „Евросонг“.

Песната е заедничко дело на нашите најплодни и најангажирани автори и продуценти Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Текстот го напиша Коста Петров.