(ФОТО) Тамара разголена во деветтиот месец од бременоста
Тамара Тодевска на крајот на месецов треба да го роди второто дете. Поп-ѕвездата објави дека чека син кој ќе се вика Дарен.
Кога беше бремена со ќерката Хана, Тамара по теркот на светските ѕвезди, се фотографираше разголена за насловна страница на еден дневен весник. По неполни три години, поп-ѕвездата направи фотографии со разголен стомак, но сосема различни од претходните. Тамара изгледа прекрасно во деветтиот месец од бременоста. По фотографијата која ја објави на Инстаграм, нејзината пријателка, моделот Катарина Ивановска и напиша: Цело време да си бидеш трудна.
„ Не мислам дека Хана ќе изгуби од нашето внимание и дека е прерано да се има второ дете. Вака ќе биде весело и многу многу гласно. Различна ми е бременоста, со Хана не почуствував ништо. Се сеќавате дека снимав албум, подготвував солистички концерт, имав настапи низ Македонија и надвор. Овој пат, како да ми е прв пат ги имам класичните симптоми, но се справувам со нив интуитивно. И на овој дел гледам како на дел од среќата“, изјави Тамара во интервју за Женски магазин.
Фото: Бојан Стоилковски