Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Тамара Тодевска: Бремена и секси во мал црн фустан и тренди блејзер
Вчеравечер се одржа концертот во чест на Тоше Проески. Тамара Тодевска беше дел од гостите на концертот. По нејзин избор, Тамара ја изведе нејзината најдрага песна од Тоше, „Најдрага моја“.
„Секогаш кога ја слушам ми буди посебни емоции. Некако, имам чустство како да ја пеам заедно со Тоше. Оваа песна вокално не е многу тешка, но емотивно е. Од секогаш ја сакам, Тоше го знаеше тоа“, ни раскажа Тамара која наскоро ќе влезе во деветтиот месец од бременоста.
Таа на сцената излезе цела во црно. Мал црн фустан, надополнет со црн блејзер со интересни ракави, мрежести хулахопки и високи потпетици. Тамара изгледа одлично и секси и во бременоста