(ФОТО) Тамара Тодевска и Катарина: Хана и Вања се Мачка и Цобе ко мали

Добивај вести на Viber

Поп-пејачката Тамра Тодевска и моделот Катарина Ивановска кои се блиски пријателки, уживаат во дружбата со своите деца, Хана и Вања.

Овојпат Тамара објави фотка под која напиша „Цобе и Мачка ко мали“, а следуваа коментари за тоа на кого личат децата. Катарина не се согласи, и напиша дека се цели на неа и Тамара.

Хана на Тамара во април наполни две години, а синот на Катарина, Вања, во мај го прослави првиот роденден. На крајот на годината, Тамара и нејзиниот сопруг, Александар Димитровски- Мачка, ќе станат родители по вторпат, на син кој најверојатно ќе го носи името Дарен.