(ФОТО) Таткото на Камерон ја сподели последната фотографија на Дизни ѕвездата!

Таткото на Дизни ѕвездата, Камерон Бојс, кој почина поради епилепсичен напад оваа недела, на Инстаграм ја сподели последната фотографија на својот син, која е направена неколку часа пред несреќниот настан.

„Мојот син. Само неколку часа пред да биде украден од нашите животи. Многу ми недостасува. Се надевам дека никој, никогаш нема да ја почувствува агонијата која ја чувствувам јас, но никој не е имун на трагедии. Љубовта и поддршката која нашето семејство ја добива е прекрасна и благодарни сме за тоа. Ви благодарам што ни помагате во најлошата можна ситуација“ - напиша тој.