(ФОТО) Ти си клучното делче кое го комплетира мојот животен мозаик: Бојана Скендеровски емотивна за роденденот на синот

Пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, денеска прославува прв роденден на синот Ѓорѓи.

- Сине мој,името Ѓорѓи го доби по својот дедо и прадедо,да бидеш кроток и питом како нив,но истраен и упорен,силен и храбар низ животов,се надевам дека ќе бидеш среќен со се што ќе одбереш да правиш,а,јас душо моја малечка гордо ќе стојам позади тебе.Ти си клучното делче за да се комплетира мојот животен мозаик,те сакам повеќе од себеси!
Среќен роденден- напиша таа во објавата на Фејсбук покрај која има неколку заеднички фотографии со синот.

Бојана Атанасовска од бракот со сопругот Васко ја има и ќерката Искра.