Музичкиот талент на пејачката Туна Сејди очигледно ќе го наследи нејзиниот син, Тиан. Туна на својот Инстаграм профил објави фотографија од синот, како се обидува да свири пијано, во еден скопски хотел.
Тиан е прв син на Туна и на нејзиниот сопруг, Патрис Бериша. Се роди на 2 мај лани, а таа на својот Фејсбук профил објави фотографии од бебето само неколку часа по породувањето.
Туна со сопругот, Патрис Бериша и со Тиан на прославата на неговиот прв роденден
Летово, пејачката се приклучи во кампањата на ЗОО-Скопје насловена како „За здрави и среќни животни", и се фотографираше со синот во скопската Зоолошка. По породилното отсуство, таа ѝ се врати на музиката, но повеќе е активна на албанската и на косовската естрада.