(ФОТО) Топ 5 зимски стајлинзи за моќен изглед
Модни комбинации за сите генерации
Ако вашата инспирација оваа недела не е на високо ниво, ние сме тука да ви помогнеме. Најдовме 5 одлични зимски стилови, кои сигурно ќе сакате да ги копирате. Секоја дама, вака облечена ќе изгледа моќно.
Црното е секогаш добар избор, освен што секогаш е во тренд, исто така ја прави фигурата визуелно потенка. Токму ваквите хулахопки, со интересен принт, се апсолутен хит, па доколку одлучите да се облечете вака, ќе имате супер изглед.
Маици, кошули и џемпери со нагласени рамења се многу популарни веќе некое време, а причината поради кои жените ги сакаат толку многу е едноставна, со нив секоја фигура изгледа како песочен часовник. Кога се нагласуваат рамената, автоматски половината изгледа потенка, а телото поженствено.
Доколку комбинирате таков џемпер со фармерки и чизми до колена, ќе добиете стајлинг за чиста десетка.
Оваа сезона, секоја жена со стил треба да има барем една плетена тренерка во нејзината гардероба. Трендесерите апсолутно полудеа за ова парче.
Кожените здолништа никогаш не излегле од мода, тие се особено популарни и оваа зима. Во комбинација со кратки чизми и тренди блуза, изгледа многу моќно.
Тренерките повеќе не се резервирани само за во теретана, сега тие се клучно парче за трендовски стил. Нема да погрешите ако изберете една во светла боја и ја комбинирате со кожна јакна.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
6-те златни правила за добар стил на Каролина Херера: Mодни заповеди за секоја жена