6-те златни правила за добар стил на Каролина Херера: Mодни заповеди за секоја жена
Кога станува збор за модата, има многу за учење од оваа жена.
Скоро 40 години, Каролина Херера е на самиот врв на модната сцена.
Нејзиниот стил е инспирација за жените ширум светот, а секоја нејзина креација е едноставно совршена. Како некој што го посвети скоро целиот свој живот на модата и модната индустрија, таа е некој чиј совет носи тежина.
Кога станува збор за правилата за добар стил, треба да се учи од неа. На овие модни заповеди строго се придржува со децении, а ако сакате да изгледате совршено во секоја прилика, внимателно прочитајте ги и запомнете ги:
1. Нагласени рамења
„Отсекогаш мислев дека кога ќе ги потенцирате рамената, струкот едноставно изгледа потенок“, рече еднаш Каролина, па не е ни чудо што меѓу нејзините креации доминираат оние со нагласени рамена.
2. Бела кошула
„Белата кошула е со мене уште од училишните денови. Се сеќавам дека носев бела кошула со Петер Пан јака, со мојата училишна униформа. Носев и бела кошула додека возев, и играв тенис во неа. Тоа беше мој заштитен знак, нешто во што се чувствувам безбедно. Можете да изгледате и лежерно и елегантно во бела кошула, како и да посакате. Но, таа мора да биде изработена од цврст материјал. Белата кошула е навистина нешто посебно, нели? Жenените изгледаат толку свежо во неа", изјави дизајнерката за Vogue.
Белата кошула е дефинитивно парче што секоја жена мора да го има во својот гардеробер. Кога го имате ова парче, имате безброј можности да создадете разновидни стилови.
3. Силни бои се задолжителни
„Боите и модата се неразделни. Затоа, секој треба да експериментира со боите. Боите се многу важни за мене, иако можеби не ги носам толку често, но тие ме прават среќна. Луѓето се чувствуваат моќно кога носат нешто во експресивни, силни бои.
Сакам да ги комбинирам. Кога одите во градината, гледате цвеќиња во сите бои и изгледа убаво, толку шарено. Тогаш, зошто да не ги комбинираме боите и во модата? "
4. Во здолништа вреди да се инвестира
„Обожавам здолништа, затоа што можеш да ги комбинираш со сè и да ги носиш во секојдневни, но и празнични прилики“, вели таа.
5. Интересни додатоци
„Додатоците се многу важни, но тие мора да бидат навистина посебни. Тие даваат личен шмек на секој наш стил. Ако ме прашате мене, изберете ги оние што се што поимпресивни и пооригинални".
6. Различни принтови
„Отсекогаш сакав линии. Модата е пријатна за око, а кога ќе видите жена во фустан со интересен графички отпечаток, лесно е да биде запаметена. Многу е полесно отколку еднобојниот", вели Херера, чии колекции секогаш вклучуваат парчиња со ефективен графички отпечаток.
извор:stil.kurir.rs
-(ФОТО) Француски стил: За сите дами над 40 кои сакаат да го спојат неспоивото
-(ФОТО) Сите ја сакаме, Ана Винтур ја мрази: Модна комбинација која е одраз на недостаток на стил