(ФОТО) Сите ја сакаме, Ана Винтур ја мрази: Модна комбинација која е одраз на недостаток на стил

Добивај вести на Viber

Легендарната уредничка на американскиот „Вог“ и жена чие мислење е „амин“ во светот на модата - го презира овој стајлинг

Иако ја охрабрува модната игра според сопствените правила, Ана Винтур воопшто не ја поддржува оваа комбинација на облека и ја смета за „здодевна“ и незамислива.

Ани Винтур е заслужна за популаризација на високата мода меѓу генерациите жени, а американското издание на магазинот „Вог“ го трансформираше во вистински културен и стилски феномен. Затоа не е невообичаено нејзиното мислење, кога станува збор за модата и стилот, да се третира како „свето писмо“.

"Создадете свој стил. Нека биде уникатен, но оставете ги другите да се идентификуваат со него. Треба да имате свои модни правила, да бидете модел и инспирација, но мора да имате и свој изграден стил. По секоја цена не следете ги трендовите. Не треба да ја заборавате вашата личност и вашето тело. Најлошото нешто што можете да го направите е да се чувствувате непријатно во нешто што го носите “, се зборовите на познатата модна икона.

Иако таа ја охрабрува модната игра според сопствените правила, таа не би простила никому за една комбинација на облека и ја смета за „неавтентична и неинспиративна“. Имено, во видео интервју за нејзиното списание, таа еднаш изјави дека никогаш нема да носи црно од глава до пети.


Интересно е што ова е една од најчестите комбинации, која инаку се смета за врвот на елеганцијата - и ја обожаваат многу познати дами, како што се Џенифер Анистон или Кејт Мос.


Ана има различни модни правила и визии и препорачаува „раскинување“ на црното со впечатлив моден додаток во живописни бои, додавајќи контрастна боја или со вечно непогрешливата црно-бела комбинација.


Извор: stil.kurir.rs

Фото: Profimedia и Shutterstock

(ФОТО) Со чанта од 2700 евра: Бриџит Макрон ја воодушеви Европа со нејзиниот младешки стил

(ФОТО) Во трендот на сезоната: Кралицата Летиција едноставна и елегантна