(ФОТО) Хит на сезоната: Очила за сонце кои ќе ги носите постојанo

Добивај вести на Viber

Можеби ги чувате во некоја од старите фиоки или допрва треба да тргнете во потрага по нив - ова се трендовски модели на очила кои нема да ги симнете во 2021 година!

Минатата пролет, сите го имавме оној (не)среќен пар очила зад кои се криевме на патот до најблиската продавница или најдобриот пријател во околината. Сега, кога посакуваме да се стави крај на пандемијата, повторно ги откриваме очилата како моден додаток што може да се носи во стотици изданија и да биде начин на нашето креативено изразување.

Модните писти се уште ги красат модели инспирирани од 70-тите, слични на оние кружни Miu Miu, силни бои или пастелни нијанси или оние авијатарските на Bottega. Дизајнерите играат со форми, бои и дезени од сезона во сезона, но на крајот на денот, остануваат зачувани само оние безвременски модели што можеме да ги носиме во сите прилики.

Сепак, ќе го прошириме опсегот на неопходни очила за пролетта 2021 година со оние мачкини, гломазни, како и пластични ретро очила кои се совршени за на плажа (сепак треба да ги надоместиме сите пропуштени можности!). Претпоставуваме дека веќе сте ја пронашле формата што најдобро одговара на вашето лице, па можете да утврдите кој тренд е навистина за вас, а кој треба да се заобиколи.

П.С. Не плашете се од живописни бои - очилата се тука за да го подигнат изгледот на повисоко ниво и да и дадат автентичност.

Ви ги претставуваме најпопуларните модели за следната сезона!




Фото: Инстаграм
Извор: Elle.rs