(ФОТО) Ултра скапите фармерки на Џенифер Лопез: Ќе ги носите или ќе се згрозите од нив?

Добивај вести на Viber

Латино дивата Џенифер Лопез, деновиве е актуелна со спотот за нејзината нова песна „In The Morning“, каде во видеото се појавува скоро целосно гола.

Покрај ова, „голема прашина“ се крена и за нејзиниот уличен изглед, каде во два наврати се појавува со модел на фармерки кој предизвика многу дискусии и поделени мислења во светот на модата.

Станува збор за фармерки со потпис на Том Форд, со вртоглава цена од над 2.650 долари, а истите за многумина се дискутабилни.

Моделот на панталони изгледа како да е составен од фармерки со различни нијанси и текстури, предимензионални се, а прашањето е дали воопшто изгледаат колку што вредат?!

Џеј Ло дефинитивно ги обожава, бидејќи во нив е забележана веќе два пати, што ретко се случува.

И додека едни се прашуваат зошто воопшто некој би купил вакви фармерки, за други, истите се апсолутен хит.

Што мислите вие? Би ги носеле ли?

ГАЛЕРИЈА:
фото:PROFIMEDIA