(ВИДЕО) Како ангел: Џенифер Лопез целосно гола во новиот спот

Латино дивата Џенифер Лопез објави трејлер за спотот за нејзината нова песна „In The Morning“, а таа во видеото се појавува скоро целосно гола. Лопез во спотот е прикажана како ангел, со кратка платинеста коса - што е вистинска реткост, бидејќи скоро и да нема друго музичко видео во кое може да се види Џеј Ло со ваква фризура.

Нејзините интимни делови од телото, сепак, се покриени и зачувани од очите на јавноста.

„Толку сум возбудена што ќе има видео за оваа песна. Полно е со симболика за мрачна, еднострана врска и сознание дека не можете да промените никого… Можете само да се промените вие самите! Рашири ги крилјата и одете си од некого или било што навистина не цени сè што можеш да понудиш“, напиша таа на Инстаграм.


Видео и Фото: Youtube/Jenifer Lopez

Можеби ќе ве интересира:

Голема разлика: Најпознатиот адут на Џеј Ло на Инстаграм и во реалноста