Голема разлика: Најпознатиот адут на Џеј Ло на Инстаграм и во реалноста

Добивај вести на Viber

Бројни фотографии од Џенифер Лопез за време на нејзиниот одмор го преплавија светот!

Латино дивата се упати кон Островите Туркс и Каикос, каде ужива во убаво време. 

Таму папараците многу бргу ја забележаа на даска за сурфање. Она што привлече големо внимание е фактот дека Џеј Ло избра црн костим за капење чиј долен дел се состои од танга. Како и приказот на нејзиното тело со сите несовршености и целулит.

Поради ретката можност да се види телото на најзгодната 52-годишна жена во светот без никаква обработка, ефекти и фотошоп, американските медиуми „дивееја“, пред се' затоа што е добро познато дека задникот на Џенифер Лопез е осигуран за 27 милиони долари. 

Ако ги прашате нејзините обожаватели - вреди секој денар, па на социјалните мрежи можете да прочитате дека славниот задник на пејачката изгледа беспрекорно. Сепак, има и такви што и замеруваат затоа што, иако несомнено може да се пофали со извајана позадина, Џенифер на папарацо фотографиите сепак не личи на оние што ги споделува на Инстаграм.

Сепак, славната Џеј Ло не се откажува од „нејзините верзии“ на тие фотографии, па видно ги среди во Фотошоп. Таа објави и нови фотографии од истиот одмор, каде покажа уште еден секси костим за капење од нејзината раскошна колекција.

Иако, нејзините фотографии на Инстаграм се разликуваат од реалните, неизбежно е дека телото на Џеј Ло изгледа фантастично на 52-годишна возраст!

 Вака изгледа Џенифер Лопез на Инстаграм, а вака кога мисли дека никој не ја гледа... 

ГАЛЕРИЈА:

фото;PROFIMEDIA
извор:glossy.espreso.rs