Здравје // Диета
(ФОТО) Успешна борба со килограмите: Ана Николиќ драстично ослабна
Пејачката Ана Николиќ која подолг период имаше проблем со килограмите, сега ја крена маичката и покажа дека е драстично ослабната.
Николиќ важеше за една од најзгодните жени на естрадата, но пред две години откако се породи драстично се поправи и никако не успеваше да си ја врати линијата.
Сепак, пејачката сега ги воодушеви сите со низата фотографии на кои изгледа скоро па како што изгледаше пред да остане бремена.
Ана се пофали на социјалните мрежи, а покрај фотографиите напиша: „Најјаките остануваат! И кога се губи! Одиме, бре...“