(ФОТО) Вака изгледаат свадбените покани на Меган Маркл и принцот Хари

Добивај вести на Viber

Течат подготовките за венчавката на принцот Хари и Меган Маркл која ќе се одржи на 19-ти мај. 

Поканите за нивните 600 гости се отпечатени.

Тие се чисти и елегантни - испишано со златно и црно, а нивните рабови се позлатени. Во поканите се наведува дека мажите треба да бидат облечени во костум а жените во официјален фустан и да носат шапка.


Свадбата на годината ќе се одржи во катедралата Свети Ѓорѓи во замокот Виндзор, по што гостите ќе присустуваат на официјален ручек. Прославата ќе продолжи вечерта, кога 200 гости ќе присуствуваат на прием во близина на Фрогмор хаус.

Неодамна стана јасно дека Хари и Меган го избрале познатиот лондонски слаткар Клер Птак за да ја подготват својата свадбена торта. Порачале лимонска со мирис на бозел. Колачот ќе биде украсен со крем од путер и вистински цвеќиња .