Зоолошка градина Скопје објави дека вчера верверчките го прославија првиот роденден.
Скопје ЗОО:
-Пред точно една година, еден хуман човек се јави дека ги пронашол верверичките на Водно, мали непрогледани, а ние ги земавме. Со секојдневно хранење по 7 шприца млеко на секои два часа дење ноќе, трите дами и господинот пораснаа.
Да сте ни живи и здрави, Happy Birthday на Рипко, Спанко, Очичка и Инспектор Томе - стои во објавата.