(ФОТО) ВИСТИНСКА ДАМА ДОСТОЈНА ЗА КРАЛСКИОТ ДВОРЕЦ: Меган Маркл блесна во црн елегантен фустан
Пинцот Хари и Меган Маркл присуствувале на прием посветен на охрабрување на жените за време на состанокот на челникот на владата, а убавата актерка која со венчавката со принцот ќе ја добие титулата војвотката од Сасекс, пленела со елеганција и стил. 33-годишниот принц со гордост одеше покрај својата три години постара избраничка која изгледала како вистинска дама достојна на кралскиот дворец.
За разлика од идната етрва Кејт Мидлтон, која често знае да згреши со изборот на стајлинг Меган Маркл веќе доби статус на модна икона и со тоа ја надмина војвотката од Кембриџ, а се што облече оваа убавица се распродадува во само неколку часа.
Јасно е дека кралското семејство наскоро добива нова ѕвезда околу која ќе се врти интересот на јавноста. На приемот во британската институција "Royal Aeronautical Society" актерката стигна во дамски стајлинг кој е толку едноставен што е совршен.
Поранешната актерка, која поради принцот Хари ја остави кариерата, изгледала беспрекорно во црна коктел тоалета во пенсил крој со тенок каиш на половината и асиметрично деколте, а фустанот го потпишува лосанџелскиот бренд "Black Halo", зад кој стои дизајнерот Лаурел Берман.
Елегантниот фустан кој се продава по цена од 290 евра, славната бринета го дополни со скапоцени модни додатоци - црни штикли "Milano" со потпис на брендот "Aquazzura", дијамантски обетки од 18-каратно бело злато од брендот "Plaisirs de Birks" како и тренди супер мини чанта "Dionysus suede" од брендот на Гучи за која моментално лудуваат трендсетерките ширум светот.
Кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл е закажана за 19 мај а сите со нетрпение исчекуваат да видат каква венчаница ќе облече убавата актерка за својот посебен ден.